САД нема да се вратат во март 2020 година, рече американскиот претседател Џо Бајден, во своето обраќање до јавноста, по повод кризата предизвикана во САД од брзото ширење на омикрон, новиот вид на ковид-19.

Тој се осврна на почетокот на ковид-кризата, кога вакцините беа недостапни за светот и кога експертите не знаеја речиси ништо за болеста.

„Сите треба да бидат загрижени за омикрон, но не смееме да паничиме. Подготвени сме“, рече Бајден.

Прикажи повеќе