Американскиот претседател Џо Бајден побара од Израел да ја заштити главната болница во Газа, во близина на која се борат израелската армија и борците на Хамас.

„Се надевам и очекувам дека операцијата во болницата Ал Шифи ќе биде помалку инвазивна. Болницата мора да се заштити“, рече американскиот претседател, пренесе Ројтерс.

Израелските тенкови зазедоа позиции пред болницата Ал Шифа, главниот медицински центар во градот Газа, за кој Израел вели дека се наоѓа на врвот на тунелите во кои е сместен штаб на борците на Хамас кои ги користат пациентите како штит.

Американскиот претседател додаде дека со посредство на Катар се уште се водат преговори за „ослободување на затворениците“.

Прикажи повеќе