По 26 кола, Барселона има примено само девет гола, што е нестварен ефект во модерниот фудбал и особено за шпанскиот. Ако го задржи ова темпо, Барса ќе постави нов рекорд во Европа (во големите пет Лиги) по најмалку примени голови во една сезона. Се разбира, за да може да се споредува со другите лиги, зборуваме за просек на голови по натпревар, рекорд кој со децении го држи Каљари, колку и да звучи неверојатно.
Тимот од Сардинија има само една титула во Серија А и таа ја освоил со 11 примени гола во 30 меча, во сезоната 1969/70. Барселона во моментов е подобра од просекот на Калјари, но ако сака да го сочува првото место на оваа табела, до крајот на сезонава дозволени ѝ е да прими само четири гола.
Нема збор дека ќе падне шпанскиот рекорд, кој го држат Атлетик Билбао и Депортиво Лакоруња со 18 примени гола, што е двојно повеќе од тоа што Барса досега има примено. На оваа листа, очекувано, три од првите пет екипи доаѓаат од Серија А, четврти и петти е Милан, а второто и третото место се на Ливерпул, од времето кога во Англија се играл малку поинакклов фудбал (1978/79) и Челси со Мурињо од 2004/05./Makfax/