Амбасадорот на Шпанија, Хозе Луис Лозано Гарсија, денеска пред членовите на Комисијата за европски прашања и на Националниот совет за европски прашања ќе ја презентира Програмата и Приоритетите за работата на шпанското претседателство со Советот на Европската унија за периодот јули-декември 2023 година.

Приоритетите на шпанското претседателство со ЕУ меѓу останатото опфаќаат „реиндустријализација на ЕУ“ и обезбедување на нејзината стратешка автономија, напредок во спроведувањето на зелената транзиција и заштитата на животната средина, промоција на поголема социјална и економска правда и зајакнување на европското единство.

Еден од приоритетите на шпанското претседавање, кој завршува на 31 декември, ќе биде зајакнување на заложбата за стабилизација, закрепнување и реконструкција во Украина.

Прикажи повеќе