Саудискиот клуб Ал-Хилал не застанува во намерата да обезбеди нова суперѕвезда во нападот. Откако Килијан Мбапе рече „не“ на неверојатната понуда од 700 милиони евра за една сезона, сега раководството на Ал-Хилал се насочи кон Антоан Гризман.

„Мундо Депортиво“ објави дека Ал-Хилал му понудил 40 милиони евра годишна плата на французинот. Сепак, агентите на Гризман претходно одбија уште една понуда од Саудиска Арабија која дојде од Ал-Наср со образложение дека фудбалерот сака да остане во Европа.

Договорот на Гризман со Атлетико Мадрид е со важност до јуни 2026 година. 32-годишниот фудбалер минатата сезона забележа 48 настапи за Атлетико Мадрид во сите натпреварувања, постигнувајќи 16 гола и 18 асистенции.

Прикажи повеќе