Истражувачот Хауард Ранкин смета дека вежбањето е клучно за доброто здравје и дека лицата кои не се љубителите на вежбањето сепак треба да размислат за тоа.

Според Американскиот центар за контрола и превенција на болести, воспоставувањето на редовен режим на вежбањето го намалува ризикот и срцеви болести и мозочен удар, дијабетес тип 2 и одредени типови карцином, како карциномот на дојка, дебелото црево и белите дробови, пренесува Си-Ен-Ен.

Вежбањето ги зајакнува коските и мускулите, го подобрува сонот и ја намалува болката кај артритисот и другите болести кај зглобовите.

-Редовната физичка активност е одлична во борбата против анксиозноста и депресијата, истакнал Ранкин и е клучна за развојот на нови мозочни ќелии.

Движењата помагаат и во балансирање на ендорфинот и допаминот кои се одговорни за мотивација и чувство за енергија, одлични и против стрес.

-Вежбањето дури може да го подобри вашиот сексуален живот, тврдат експерти од клиниката Мејо.

Според СЗО лицата кои го игноритаат вежбањето го зголемуваат ризикот од смртност за 20 до 30 проценти во споредба со оние кои се активни.

Се се треба да направите се околу 150 минути физичка активност со умерен интензитет, односно 21 минута дневно за да уживате во предностите.

Она што е важно да го знаете е следното: доколку не вежбате често потребно е да започнете постепено со вежбањето, без засилено темпо. Полека, внимателно со постепено зголемување на темпото е клучот за успех.