Агелер: Западот не и го сврте грбот на Украина, туку се обедини

Светот пред две годиниу гледаше со загриженост и искреност и со невереување како во зимата 2021-22 година Путин собираше војска по границата на Украина, рече нејзнината екселенција американската амбасадорка во Северна Македонија, Анџела П. Агелер на големата конференција под наслов „Украина – две години хероизам“, организирана од Амбасадата на Украина во соработка со македонската граѓанска организација ЦИВИЛ – Центар за слобода.

„И пред две години гледавме како ужасната и бруталната инвазија почна врз Украина. Путин и многу други сметаа дека руската воена моќ ќе го прегази Кијив за една една недела, и ќе ја заземе земјата за еден месец. Но тоа не се случи“ Украинците, со САД, НАТО и други партнери вклучувајќи ја и Европската унија застана на отпорот и рекоа не, рече Агелер.

„ Украинците не се предадоа, се бореа. Председателот Зеленски не избега од државата, туку остана и ја водеше државата. Западот не го сврте грбот, ние се обединивме и ги здруживме силите, а НАТО наместо да се распадне, порасна. Денеска, две долги години подоцна, украинските херои продолжуваат да се борат.

Нивната храброст и сила освен што запреа голем непријател, ги запреа и стоките на Русија да одат во светскиот пазар. Украинците продолжуваат да испорачуваат услуги, да ја реформираат државата и таа се придвижува напред во трансатланските институции“