Австрија инсистира на забрзување на процесот на пристапување на земјите од Западниот Балкан во ЕУ, со цел да се обезбеди стабилност на регионот и негова заштита од странско влијание, порача австриската министерка за одбрана Клаудија Танер.

„Забрзувањето на пристапните преговори со земјите од Западен Балкан е јасен приоритет за мене пред да зборуваме за други можни членства“, изјави Танер за време на посетата на Босна и Херцеговина.

Според неа, во услови на кризи во светот ЕУ не смее да го изгуби од вид своето непосредно соседство.

„Западниот Балкан, а особено Босна и Херцеговина, се важен партнер за Австрија кога станува збор за натамошната стабилност, регионалната соработка и европската интеграција на овој регион“, додаде Танер.

Прикажи повеќе