По откривањето на уникатно богатство, шведскиот град Кируна се подготвува за целосна трансформација и преселба на нова локација.
Во градот неодамна се пронајдени многу вредни минерали, а на почетокот на оваа година беше откриено и најголемото познато наоѓалиште на ретки земјени елементи. Овие специјални елементи се користат за производство на батерии за електрични автомобили и турбини на ветер.
Секој ден, од рудникот се вади руда во вредност од шест Ајфелови кули, што предизвикува деформација на почвата. Ова претставува голема закана за градот и ги става жителите во голем ризик. Според локалните извештаи веќе се пронајдени пукнатини во болницата во градот, додека локалното училиште повеќе не се смета за безбедно за учениците и наставниците.
Проектот за преместување на Кируна на нова локација, која ќе се наоѓа на неколку километри источно од сегашниот град, се планира да биде завршен до 2026 година. Еден од најзначајните објекти што ќе бидат преместени како дел од овој проект е иконската црква која е изградена во 1912 година. Викар Лена Тјарнберг ја опиша како „дневна соба на локалната заедница“.
Погледнете како изгледа живописната Кируна: