Специјалниот координатор на ОН за Либан, Жанин Хенис-Плашерт предупреди на „непосредна катастрофа“ на Блискиот Исток поради зголеменото насилство меѓу Израел и либанскиот Хезболах, нагласувајќи дека решението не е воена солуција.
„Со регионот на работ на непосредна катастрофа, не може да се прецени доволно: НЕМА воено решение што ќе ја направи ниту едната страна побезбедна“, наведе специјалниот координатор Жанин Хенис-Плашерт во објавата на X.
“With the region on the brink of an imminent catastrophe, it cannot be overstated enough: there is NO military solution that will make either side safer.” – @UN Special Coordinator for #Lebanon @JeanineHennis. pic.twitter.com/CNXSO4VhTF
— UNSCOL (@UNSCOL) September 22, 2024
. M. Д.