Пријатели, родини и колеги одадоа сочувство до семејствата на петчлениот екипаж на подморницата „Титан“, кои по неколкудневна потрага вчера беа прогласени за мртви. Тие ги загубија животите во, како што се верува, „катастрофална имплозија“, што се случила на патувањето на подморницата до остатоците на бродот “Титаник“ во северниот Атлантик.
Жртви на трагедијата се педесет и осумгодишниот британски милијардер и авантурист Хамиш Хардинг, пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд (48) и неговиот деветнаесетгодишен син Сулејман Давуд, францускиот нуркач Пол-Анри Нарголе и коосоновачот и извршен директор на компанијата „Оушнгејт“, која ја организираше експедицијата, Стоктон Раш.
Вчера по неколкудневни воздушни подводни пребарувања роботизирано нуркачко возило распоредено од канадски брод откри остатоци од подморницата на дното на океанот на оддалеченост од 488 метри од остатоците на „Титаник“.