Откако доживеа слом во 2018 година и и беше дијагностицирано биполарно растројство, 32-годишната пејачка и актерка најде начини да ја одржува здрава. Во интервју за Vanity Fair, таа откри дека има алатки и протоколи за грижа за себе, што вклучува употреба на температурата како механизам за лекување.
Селена, која страда од депресија, анксиозност и напади на паника , смета дека ладната вода или греалките смируваат. Можеби звучи необично, но истражувањата покажаа дека температурата, без разлика дали тоа е нурнување во ледена вода или смирувачка топла бања, може да биде клучна за подобрување на расположението.
Допаминот расте во ладна вода
Во студија од 2007 година, спроведена од истражувачи на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Вирџинија, покажа дека земањето ладен туш двапати неделно значително ги намалува симптомите на депресија . Се смета дека изложувањето на студ го активира нервниот систем и го зголемува протокот на крв во мозокот, што го стимулира ослободувањето на норадреналин, невротрансмитер кој позитивно влијае на расположението.
Некои студии откриле и зголемување на допаминот по изложување на ладна вода, кој е познат како хормон на задоволство. Антидепресивните ефекти од изложувањето на ладна вода може делумно да се должат и на ладните рецептори во кожата, според студијата од 2014 година за ефектите од хидротерапијата, оние терморецептори – кои детектираат топлина и студ – испраќаат електрични импулси до мозокот, што може да го олесни болка, според истражувачите.
Професорот Мајкл Типтон, експерт по физиологија од Универзитетот во Портсмут, детално опишал дека 24-годишната жена со години страдала од анксиозност , а потоа развила депресија, пишува Дејли мејл.
Откако разни лекови не успеале, и било кажано да плива во ладна вода еднаш неделно. Ова доведе до моментално подобрување на расположението по секое капење и трајно и постепено намалување на симптомите на депресија, напишаа лекарите, додавајќи дека една година подоцна таа останала без лекови.