Британскиот принц Вилијам во петокот изјави дека неговата сопруга Кејт „стои добро“, во редок јавен коментар за принцезата од Велс, која е на превентивна хемотерапија за рак.

Откако претходно оваа година и беше дијагностициран рак по операцијата на стомакот, Кејт во март објави дека е на лекување.

Тогаш таа изјави дека се чувствува добро, но од канцеларијата на кралската двојка соопштија дека нема редовно да објавуваат информации за нејзиното здравје и дека принцезата нема да се врати на јавните обврски додека лекарите не кажат дека е доволно добра за тоа.

Меѓутоа, за време на посетата на болницата на островите Сцили, крај брегот на Корнвол во југозападна Англија, принцот Вилијам (41) одговорил дека неговата сопруга е „добро“.

Престолонаследникот, кој е и војвода од Корнвол, е на дводневно патување во регионот, каде што го посети градилиштето на новиот проект за справување со бездомништвото, помина време на плажа со локални групи и ја посети блиската болница .

Вилијам исто така се сретна со пристанишните работници и локални претприемачи на најголемиот остров Сент Мери и разговараше за подготовките за летната туристичка сезона.

Неговиот татко, кралот Чарлс (75), исто така ги извршуваше своите кралски должности во четвртокот, посетувајќи воен колеџ, што е негов последен јавен настап откако се врати на должност по дијагнозата рак.