Фудбалската репрезентација на Шпанија синоќа во Глазгов загуби од Шкотска со 2:0 во натпревар од квалификациите за Европското првенство 2024.
Селекторот на „Црвената фурија“, Луис де ла Фуенте, стана првиот тренер на репрезентација од 1991 година, кој го загуби дебитантскиот меч на гостински терен.
Пред 31 година, репрезентацијата на Шпанија предводена од Висенте Миера загуби од селекцијата на Исланд исто така со 2:0 во квалификациите за Еуро 1992 година.
Во А-групата Шкотска е прва со максимални шест бода, Шпанија е втора со три, следуваат Норвешка и Грузија со по еден бод, последен е Кипар без бодови./МИА