
Во рамките на германското претседателство на Г7 денеска во Берлин ќе се одржи состанок на министрите за здравство на седумте најразвиени земји во светот. Министрите за здравство треба да разговараат за актуелните прашања и предизвици во областа на здравствената политика. Тука пред сѐ станува збор за заедничката работа за надминување на пандемијата на коронавирусот, како и за зајакнување на капацитетите за одговор на новите пандемии.