Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика руските мајки да не ги испраќаат своите деца на бојното поле и да внимаваат каде се наоѓаат. Во видеото објавено на Фејсбук, тој бара да не ги испраќаат своите деца во војна во странска земја.
,,Ова сакам уште еднаш да им го кажам на руските мајки, особено на мајките на регрути, не ги праќајте вашите деца во војна во странска земја“, е повикот на украинскиот претседател.
Тој ги повика да „не веруваат во ветувањата дека ќе бидат испратени некаде на обука… или неборбени услови“, и ги повика да „дејствуваат веднаш“ доколку постои сомневање дека се испратени да се борат во Украина.
Говорот доаѓа откако Русија во средата за прв пат го призна присуството на регрути во редовите на нејзините сили во Украина, од кои многумина не беа обучени за битка, и објави дека голем број од нив биле заробени.