Легендарниот тренер Грег Попович (74) потпиша нов договор со Сан Антонио Спарс и на клупата на тимот ќе биде до 2028 година. Во претходните години имаше многу навестувања дека Грег Попович ќе се пензионира, но тој нема намера да се откаже од работата. Грег го одложи своето пензионирање, најмногу поради Виктор Вембањама.
Младиот играч од Франција, пред неколку недели беше прв избор на драфотот од страна на Сан Антони. Еден од најголемите таленти во НБА сега ќе биде под будното око на познатиот тренер во следните пет сезони.
Грег Попович тимот од Тексас го води од 1996 година, а заедно со Тони Паркер, Дејвид Робинсон и Тим Данкан е заслужен што оваа франшиза има пет титули./Makfax/