
Бугарскиот вицепремиер и министер за финансии Асен Василев и министерот за енергетика Александар Николов денеска се очекува да пристигнат во Брисел на средби во Европската комисија.
Според Бугарската национална телевизија, посетата на бугарските високи претставници на Брисел е поврзана со одлуката на руската гасна компанија „Газпром“ да го прекине снабдувањето со гас за Бугарија.
Русија вчера ја прекина испораката на гас за Бугарија и Полска со образложение дека двете земји одбиле да плаќаат во рубљи.
Европската комисија соопшти дека одлуката на Москва е уцена и провокација од страна на Кремљ, а плаќањето во рубљи е спротивно на европските санкции. Претседателката, Урсула фон дер Лајен рече дека Европа била подготвена за вакво сценарио идека веќе се работи на обезбедување алтернативни испораки.