Борел: Да се отворат копнените граници со Газа и да се почне да се работи на двoдржавно решение

Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, пред состанокот со американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, истакна дека помошта што се испраќа во Газа по воздушни, морски и копнени патишта е недоволна, и рече дека најважно е да се отворат копнените граници и да се почне да се работи на дводржавно решение, кое го поддржуваат САД и ЕУ.

Како што пренесува Агенцијата Анадолу, Борел изјави дека она што е во прашање денес во Газа е дали луѓето ќе преживеат или не.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен се состана со Борел во Вашингтон и даде проценка за најновата ситуација во Газа и што може да се стори по прашањето за хуманитарната помош.

Борел и Блинкен пред состанокот дадоа кратки изјави и наведоа дека ќе разговараат за областите на соработка меѓу САД и ЕУ по прашањето за Газа.

Заблагодарувајќи се на напорите на САД во хуманитарната помош, високиот претставник на ЕУ Борел истакна дека сепак тоа не е доволно.

-Жалиме поради моменталната ситуација во Газа, но мораме да сториме повеќе од жалење. Мораме да преземеме акција. Она што е во прашање денес во Газа е дали луѓето ќе преживеат или не, посочи Борел.

Х.С.