Американскиот претседател Џо Бајден синоќа имаше воведен говор на самитот во Јапонија, на кој присуствуваа лидерите на Индија, Австралија и Јапонија, и ја истакна важноста на алијансата во контекст на руската инвазија на Украина.
„Ова е мрачен момент во нашата заедничка историја“, рече Бајден.
„Бруталната и неиспровоцирана војна на Русија против Украина предизвика хуманитарна катастрофа. Невини цивили се убиваат на улиците, а милиони луѓе се принудени да ги напуштат своите домови. Тоа не е само прашање на Европа, туку и на целиот свет“, рече тој.
Бајден предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин во Украина се обидува да ја згасне целата култура“и изјави дека руските сили ги гаѓаат украинските училишта, цркви и музеи, пренесуваат медиумите.
Соединетите Американски Држави, рече Бајден, ќе продолжат да работат со партнерите и да го предводат глобалниот одговор на руската инвазија.
Американскиот претседател повтори дека верува оти ова е момент на трансформација“за целиот свет, односно прашањето дали ќе надвладеат демократии или автократии./Makfax