Ајфеловата кула е евакуирана по дојава за пожар, јавија француските медиуми.
Изјавија дека пожарот бил забележан во еден од лифтовите на париската знаменитост и дека луѓето се евакуирани поради сопствена безбедност додавајќи дека пожарот во меѓувреме е изгаснат.
Францускиот новинар Жулиен Телие, кој работи за Boulevard Voltaire, на социјалните мрежи напиша дека пожарот бил забележан во лифтот на Ајфеловата кула помеѓу првиот и вториот кат.
Тој додаде дека речиси 1.200 луѓе биле евакуирани од локацијата и тврди дека полициски извор му рекол оти прегревање на кабелот е причина за пожарот.
Телиер потоа пренесе дека пожарот е ставен под контрола и изгаснат.
Текстот Ајфеловата кула евакуирана по дојава за пожар е превземен од МАКФАКС.