Арсенал и Манчестер Сити, oткако имаа огромна битка за титулата во Премиерлигата, сега се борат за играчот од средниот ред на Вест Хем, Деклан Рајс.
Арсенал ќе испрати уште една понуда откако беше одбиена онаа од 87 милиони евра, плус 13 милиони евра. Понуда многу брзо ќе испрати и Манчестер Сити, а за Вест Хем клучни ќе бидат самата структура на трансферот и условите за обештетувањето.
Микел Артета инсистира англискиот репрезентативец да дојде на „Емирати“, па Арсенал е подготвен да плати 100 милиони евра одеднаш, без дополнителни услови и рокови при исплаќањето.
Сепак, сигурно и Пеп Гвардиола нема да остави на случајност и ќе нареди и Манчестер Сити да ја зголеми понудата за Деклан Рајс.