Откриени се деталите од преговорите меѓу Ферари и Шарл Леклер за нов договор. Сегашниот договор истекува на крајот на 2024 година, но возачот од Монако скоро сигурно ќе остане во италијанската скудерија.
Леклер и Ферари се договориле за договор според шемата 2+3 години. Во 2025 и 2026 година, Шарл нема да може да го напушти Ферари, додека пред сезоните 2027, 2028 и 2029 година ќе има опции засновани на перформанси кои ќе му овозможат на Леклер да го напушти тимот од Маранело.
Вкупната вредност на договорот ќе биде повеќе од 200 милиони долари за пет години. Платите ќе растат и во последната сезона би можеле да достигнат 55 милиони долари.
Леклер е во Ферари од 2019 година, а сезонава го зазема петтото место во поединечниот пласман во Формула 1 со 99 бодови.