Возачот на Ферари, Шарл Леклер, трката во Мајами ја заврши на разочарувачкото седмо место, а неговиот тимски колега Карлос Саинц беше петти, иако стартуваше од третата позиција. Леклерк зборуваше за проблемите со болидот кои го мачат неговиот тим.
„Не можеме да го извлечеме максимумот од овој болид. Неверојатно тешко да се допре до негој. Сè уште сме многу далеку од тоа и се обидувам да најдам одговор на прашањето зошто сме толку добри во квалификациите, а на трките се мачиме како лудаци. Имаме многу работа пред нас. Едноставно немам доверба во овој болид, не знам како ќе реагира од свиок до свиок. Исто така, тој е чувствителен на ветрт“, рече Леклер.
Возачот од Монте Карло, минатата сезона му беше најголем конкурент во борбата за шампионската титула на Макс Ферстапен. Ферари ја започна оваа сезона со големи амбиции, но моментално е само четврти во поредокот кај конструкторите. По пет трки, Ред Бул е прв, а потоа следуваат Астон Мартин и Мерцедес.