Фејсбук денеска слави полнолетство, односно оваа социјална мрежа 18 години постоење.

Имено, Фејсбук е основана на 4 февруари 2004 година од страна на Марк Закерберг. Група пријатели од Харвард, предводени од Закерберг, се собраа во 2004 година и создадоа платформа за социјалните медиуми, со цел да се поврзат и да формираат онлајн заедница на Харвард.

Марк Закерберг потоа стана извршен директор на компанијата и главен човек за бизнисот на оваа мрежа.

Од своето основање, Фејсбук целосно го промени начинот на кој луѓето ја користат и доживуваат нивната интернет околина.

Покрај тоа, популарната мрежа го револуционизираше начинот на кој комуницираме едни со други, како во виртуелниот свет, така и во реалниот живот.

Според магазинот Форбс, Фејсбук за една година остварил повеќе од 20 милијарди долари профит. Исто така, моментално има повеќе од 40.000 вработени.

Facebook, заедно со Instagram, WhatsApp и други платформи и услуги, е дел од компанијата Meta.