Ако сте решиле да се откажете од млекото во кафето или едноставно сакате да го истакнете вкусот на омилениот пијалак, испробајте проверен трик.

Кога доаѓате на работа, а зад вас е „напорен“ викенд, а треба брзо да се разбудите и да се вразумите, нема ништо подобро од кафе.

Пиењето горко кафе за повеќето е големо разочарување, но денот мора да продолжи со таков вкус. За среќа, вкусот на кафето можете да го подобрите со малку, ништо помалку од – сол!

Освен што ќе ја намали горчината, а со тоа и потребата од нездрав шеќер, па дури и млеко, кафето ќе има подобар вкус, пишува Pun kufer.

Според гастроентерологот Алтон Браун, совршена мерка е четвртина лажичка сол и две лажици мелено кафе по голема шолја вода. Секако, доколку неговата препорака за количината на кафе ви е премногу, прилагодете ја на сопствениот вкус.