Страшната атлантска бура Јунис ги погоди Британија и Ирска. Ветерот бил рекордно силен и дувал со брзина и до 200 километри на час, поради што авионите имале проблеми со слетувањето, откорнати се многу дрвја и оштетени многу покриви, меѓу кои и познатата О2 Арена во Лондон. Илјадници луѓе останаа без струја, а превозот беше прекинат.

Бурата Јунис, која се создаде во централниот дел на Атлантикот и од Азорските Острови дојде во Европа, беше опасна по живот, соопшти британската метеоролошка служба.

Една жена загина во Лондон кога дрво ѝ го смачка автомобилот, а маж беше смртно ранет во Ливерпул од летечки остатоци. Во провинцијата Хемпшир на југот на Англија, уште едно лице загинало кога со автомобилот удрило во паднато дрво.

Прикажи повеќе