Единаесет лица загинаа откако во неделата во 15 часот по локално време се урна кров на спортска сала во гимназија во североисточна Кина, објавија државните медиуми, пренесе Би-би-си.
Во моментот на несреќата салата ја користел тим млади одбојкарки.
Би-би-си јавува дека само осум од вкупно 19 лица кои биле во салата преживеале. Многу од жртвите се деца, велат очевидци за локалните медиуми, иако тоа допрва треба да биде официјално потврдено.
Во спасувачката акција учествувале речиси 160 пожарникари и 39 противпожарни возила.