РБ Лајпциг се првите финалисти на германскиот Куп, откако со неверојатно прво полувреме ги збришаа Фрајбург со 1:5 иако поголемиот дел од второто полувреме го играа со 10 играчи по црвениот картон за Јошко Гвардиол.

Лајпциг почнаа фуриозно – Дани Олмо во 13. минута и Бенјамин Хенрихс само минута подоцна донесоа 0:2 водство. Доминик Собослаи зголеми на 0:3 во 37. минута, за Кристијан Нкунку да осигура 0:4 водство на полувреме во последните минути.

Гвардиол го остави тимот на цедило по црвениот картон во 58. минута, и иако Фрајбург вратија еден гол преку Грегорич во 75. минута, во финишот на мечот беше досуден пенал, а Собослаи го постави конечниот резултат. Во финалето, „биковите“ ќе играат со подобриот од дуелот Штутгарт-Ајнтрахт Франкфурт.

Прикажи повеќе