Каталонскиот гигант Барселона побара од неколку клупски sвезди да се откажат од огромен дел од платата.

Поради финансиски проблеми и огромни долгови, Барса е принудена да разговара со играчите за намалување на платата. Некои се согласија, но клубот побара премногу од некои.

Така, управата на клубот организираше состанок со Жерар Пике, Серхио Бускетс, Жорди Алба и Сержи Роберто и упати навистина неверојатно барање до нив.

Челниците на каталонскиот тим побараа од овие фудбалери да се откажат од дури 40 проценти од платата за новата сезона. Клубот им понуди 60 проценти од платата, а останатите 40 проценти да ги добијат во следните години од договорот со клубот. Фудбалерите не сакаа да дадат позитивен одговор на тоа барање.

Тие го известија клубот дека веќе донирале добар дел од својата плата за време на претходното раководство, и едноставно не можат да прифатат такво откажување од плата.

Ќе продолжат разговорите за намалување на платите. Речиси сите играчи се на ред за разговори, а тука е и Лионел Меси кој наводно веќе се согласил на помала плата.

Така, според новиот договор за кој Меси е подготвен за следната сезона, тој ќе заработи „само“ 20 милиони евра, но се ќе биде компензирано во преостанатите четири години од договорот.

Каталонскиот клуб исто така има намера да заштеди многу со продажба на играчи, а први на листата што си заминаа се Миралем Пјаниќ, Филипе Кутињо и Самуел Умтити.