Талентираниот играч за врска на Рома, Николо Заниоло започна нова љубовна врска.

Младата ѕвезда на Рома е повторно во центарот на вниманието поради неговиот љубовен живот. Ја остави својата девојка Сара Скаперота минатата година поради 12 години постарата романска манекенка Мадалина Генеа, но очигледно тоа беше само привремена кратка авантура.

Романката повеќе не е со Заниоло, а според италијанскиот печат, инфлуенсерката од Неапол, Киара Насти е неговата нова љубов.

Отпрвин се шпекулираше дека таа е новата девојка Заниоло, а сега пристигна и потврда бидејќи на неговата последна фотографија убавата и млада девојка остави срце.

Тој наводно и доставил 100 црвени рози на нејзината адреса за Денот на вљубените, за да и покаже дека се грижи за неа и за нивната врска. Ќе видиме колку време трае сето тоа или Киара е „вистинската“.

loading…