Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Рим.

Надал го совлада Германецот Александре Зверев со 6:4, 6:4 и очигледно е дека „кралот на згура“ ја крева формата, па има шанса да стигне до нов трофеј.

Тој денес му се одмазди на Зверев за неодамнешниот пораз во Мадрид, а воедно ја прекина серијата од три последователни порази во дуелите со германскиот тенисер.

Рафа брилијантно го отвори мечот и поведе со 4:0, иако Зверев успеа да намали на 4:2, но не и целосно да се врати во мечот.

Брејкот на Надал во петтиот гем беше доволен во вториот сет за пласман во полуфиналето, каде го чека Опелка, кој претходно денес го совлада Аргентинецот Делбонис со 7:5, 7:6.