Катар со денови е во центарот на вниманието, а покрај фудбалот, луѓето ги интересираат и детали кои во оваа земја се сосема нормални, а остатокот од светот првпат ги гледа. Како патиштата, кои се сини во Катар.
Поради високите температури во Катар, животот понекогаш е неподнослив. Затоа решиле да применат иновативни технологии во Доха. Еден од нив е син асфалт, односно облога со сина боја дебела еден милиметар, што овозможува намалување на температурата на површината и до 20 степени, пренесува Qataraliving.
After Red, it is Blue, Doha Peeps! Part 1 #blueroad @ILQLive #roadsinqatar pic.twitter.com/MA5eZK1ujd
— Jeslyn James-Jeramy (@jeslyn_james) August 19, 2019
И така во пилот проектот го префарбаа црниот асфалт. Првите 200 метри беа искористени како еден вид експеримент во кој сензорите ги следеа температурните промени 18 месеци. Температурата од максималните 69 степени се спушти за повеќе од 10 степени на синиот асфалт.
Во градот пробаа и со други бои, зелена, црвена, виолетова, но сината даваше најдобри резултати.
Сличен проект беше лансиран и во Лос Анџелес, каде патиштата и неколку игралишта беа покриени со специјална обвивка. Ефектот на намалување на греењето беше забележлив и изнесуваше околу седум степени.