Љупка Митрова е позната блогерка и инфлуенсерка на Инстаграм, каде има повеќе од 70,000 следачи. Kога се појави на македонската јавна сцена беше мажена жена со две ќерки.

На прашањето на естрадниот магазин Бекстејџ, како сопругот се носи со нејзините провокативни фотки, таа без двоумење одговори:

-Eве јас ќе кажам само едно нешто, дека мојот сопруг ги има фотографирано најголем дел од моите фотографии. Па дури може да каже и вака не, па сега подигни ја малце ногата, па спушти ја“, одговори таа.

Подоцна, таа се раздели од сопругот и влезе во врска со кумановецот Дарко Спејко. Во тоа време згодната струмичанка Љупка Митрова стана многу повеќе од позната македонска модна блогерка. Митрова и Спејко како пар, беа оценети за едни од најпопуларните во естрадниот свет.
Речиси секојдневното постирање на „скокотливи“ фотографии и видеа на своите профили на социјалните мрежи, згодната струмичанка ја направи нешто што да речеме Србите и Хрватите оддамна го имаат, а во последно време и нам не ни недостасува:
Да си позната, дури многу повеќе од некои што имаат јавна професија или хоби, а при тоа да не си ниту пејачка, ниту водителка, актерка, манекенка, спортистка… Едноставно, славна фаца, без јавна професија!“, објави Вистина во една прилика.
Љупка Митрова, во една прилика за Женскки магазин зборувала за своите дневни ритуали, за тоа што ја мотивира, како и поминува еден ден и за своите дев ќерки.

– Се трудам денот да ми започне со добра мисла, само тоа може да ме мотивира да станам од кревет. Утринското кафе го пијам во друштво со помалата ќерка, а најчесто и со неа го поминувам утрото, бидејќи поголемата во тој период од денот е на училиште.

Утрото, најчесто со неа пишуваме домашни задачи, подготвувам појадок и го пијам кафето буквално на нога, зошто немам време да го испијам во кревет. Некогаш си велам дека ми недостасуваат плус неколку часа во денот.

Во принцип тоа се и моите дневни обврски, ќерките, ќерките и само ќерките. Некогаш некој близок пријател гледајќи што активности имам во текот на денот и во каков хаос сум се нашла.

Дали сум излегла со неуредна коса или со дуксер наопаку облечен во брзање да не ги задоцнам на час или пак сум излегла со мокра коса, знае да ми каже:

„E ова сега да се снима, а не само идеалниот живот во светот на социјалните мрежи каде се’ оди како подмачкано“, изјавила Љупка.

Како што е познато, таа е пријателка и во кумовски односи со Зорица Заева, сопругата на поранешниот премиер Зоран Заев.

Викендов Зорица Заева на забава во Струмица, заено со ќерката Александра, ексминистерот за здравство, Венко Филипче и Љупка Митрова.

Зорица е видно ослабена, во црн корсет со гол стомак и бели панталони, таа го привлече вниманието со изгледот, па доби пофалби дека никогаш не изгледала подобро, пренесува порталот Репортер.

Слики од забавата на инстаграм-сторис објавил Филипче, но и инфлуенсерката Љупка Митрова.

Журката се одржала во познат локал во Струмица, а меѓу гостите бил и стилистот и долгогодишен соработник на Зорица Заева, Драган Гоцев.