реклама

Во петок на 15 јули во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи првиот техно фестивал – „Zhurkaq“.

Заедницата „Zhurkaq“ има за цел развој на културата и промовирање на младите уметници на музичката сцена на Македонија. Фокусирајќи се на техно музичкиот жанр, оваа заедница организира различни музички настани, со главна цел да се создаде техно фестивал, кој ќе биде прв во Скопје.

реклама

На сцената ќе настапат четворица уметници од Македонија и еден од Косово.

Целта и визијата на заедницата „Zhurkaq“ е да создаде континуирана традиција на техно настани во Македонија.

реклама

Настапот ќе биде придружен со професионални светлосни и звучни ефекти, создавајќи незаборавено искуство за сите кои ќе учествуваат, а истиот е сосема бесплатен за посетителите.

реклама