Иднината на Жоао Феликс е се подалеку од Атлетико Мадрид. Феликс има договор со „ројибланкос“, но клупските челници не го сметаат португалецот како важен. Тој не успеа да се најде под водство на Диего Симеоне, па неговото заминување од „Метрополитано“ е се поблиску и поблиску.

Advertisements

Како што пренесува „Марка“, Атлетико Мадрид сака да го продаде Жоао Феликс во јануарскиот прозорец. Гигантите од Ла Лига се надеваат дека настапите на 23-годишниот фудбалер за Португалија на Светското првенство ќе доведат до зголемен интерес, кога повторно ќе се отвори трансфер пазарот.

Манчестер Јунајтед е меѓу оние кои се поврзуваат со Феликс, кој се уште е под договор со Атлетико до 2026 година.

Прикажи повеќе