Време е да уживате во животот – сега!

На една од фан страниците се појави животна поука од Ричард Гир, која секој треба да ја прочита, а можеби дури и да размисли за себеси и за тоа што е…

„Мајката на мојот пријател се хранеше здраво цел живот. Никогаш не консумираше алкохол или било каква „лоша” храна, вежбаше секој ден, беше многу флексибилна, многу активна, ги земаше сите додатоци препорачани од нејзиниот лекар, никогаш не излегуваше на сонце без заштита. А кога го правеше тоа, тоа беше многу кратко – практично го заштитуваше своето здравје колку што можеше“, започна актерот.

„Денес има 76 години и има рак на кожа, рак на коскена срцевина и екстремна остеопороза“, додаде тој.

„Таткото на мојот пријател јадеше сланина, па повторно сланина, путер, па повторно путер, масти над масти, тој никогаш не вежбаше, тој секој пат се изложуваше на сонце додека не изгори, неговиот пристап кон животот беше буквално таков да го живее максимално, не како што му сугерираат другите“, раскажа актерот.

„Тој денес има 81 година и лекарите велат дека има здравје на млада личност“, напиша Ричард Гир.

„Луѓе, не можете да се скриете од својот отров. Тој е некаде таму и ќе ве најде, и според зборовите на мајката на мојот пријател која сè уште е жива: „ Да знаев дека мојот живот ќе заврши на овој начин, ќе го живеев максимално, уживајќи во сè што ми беше речено дека не треба да го правам!”

„Никој од нас нема да излезе жив од тука, затоа ве молам престанете да се однесувате кон себеси така како што ви наметнуваат другите. Јадете ја таа вкусна храна, шетајте на сонце, скокајте во океанот. Кажете ја вистината што ја носите во срцето како скриено богатство. Бидете блесави. Бидете љубезни. Бидете чудни. Нема време за ништо друго“, заклучи славниот актер.

Без разлика дали станува збор за приказна која навистина доаѓа од личниот живот на познатиот актер или не, поуката е јасна: немојте да бидете опседнати со нешто само затоа што тоа е актуелен тренд или нечија препорака, умереноста е мајка, а вие живејте го животот со полни гради, се додека имате шанси за тоа.