Украинските сили ги одбија новите руски напади во источниот регион Доњецк, каде што Москва продолжува со офанзивата во насоките Бахмут и Авдијевка, соопшти утрово Генералштабот на украинските вооружени сили, додека пак највисокиот американски генерал предупреди за „огромната количина“ страдања и жртви што војната им ги донесе на Украинците.
Жестоките борби на истокот дојдоа кога рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу нареди повлекување од западниот брег на реката Днепар во делумно окупираната област Херсон во Украина, во најновиот очигледен неуспех за Москва на бојното поле во југоисточниот дел на Украина.
Украинската војска соопшти дека ги одбила и руските напади во Луганск, кои заедно со Доњецк го сочинуваат регионот Донбас во источна Украина.