Андреј Жерновски поранешен градоначалник на Центар, преку Фејсбук испрати порака до Заев, дека и покрај повлекувањето од лидерската позиција во СДСМ, но и од премиерското место треба да остане со нив и околу нив.

-Времето допрва ќе покаже и докаже како беше срушен режимот, кој ја извлече државата од балканскиот жив песок, кој ја врати демократијата, кој не’ внесе во НАТО…Биди и понатаму до и околу нас, бидејќи не’ чекаат уште многу важни битки, напиша Жерновски.