Модниот дизајнер Ролан Муре во своите мемоари опишал жестока телефонска расправија со војвотката Меган Маркл. Според неговите тврдења, конфликтот избувнал откако во јавноста била објавена нејзината врска со принцот Хари. Извадоци од книгата „I Am Rola d Mou et: The Butche ’s Boy Who D essed the Wo ld“ пренесува британскиот „Дејли мејл“.

Проблемот настанал кога вработена во тимот на дизајнерот се обидела да ги врати позајмените фустани и притоа во палатата стапила во контакт со стилистката на принцезата Кејт.

Набргу потоа следувал телефонски повик.

„Ти не разбираш што направи! Ме посрамоти“, наводно налутено му рекла Меган.

Дизајнерот објаснува дека неговата вработена со таквиот потег само сакала ефикасно да ја заврши работата, но за Меган целата ситуација била исклучително непријатна.

Како што пишува во своите мемоари, Ролан се извинил за грешката на својот тим, но Меган очигледно не била задоволна од извинувањето. Наводно, таа го одбила извинувањето и му порачала: „Знаеш дека сега веќе никогаш нема да можам да ја носам твојата облека“.

Во извадоците од книгата што ги пренесува „Дејли мејл“, дизајнерот појаснува дека тоа била исклучиво нејзина одлука.

„Меган одлучи повеќе да не ја носи мојата облека, а не палатата или кој било друг. Мислам дека никој друг не се ни интересираше за тоа. Не ја разбирав логиката зад таквата одлука, но не ја доведував во прашање“, пишува Муре.

Самата Кејт не учествувала во расправијата, а нејзиното име било поврзано со случајот единствено затоа што нејзината стилистка била контактирана во врска со враќањето на облеката.

Ролан и Меган се запознале во 2015 година во Турција, многу пред нејзината венчавка со принцот Хари.

При првата средба, модниот дизајнер ѝ се претставил на необичен начин:

„Не ме познаваш, но всушност сепак ме познаваш. Јас сум Ролан Муре“.

Меган реагирала со воодушевување, се насмеала и накратко разговарала со него. Меѓу нив постоела и претходна поврзаност бидејќи за костимографијата на серијата „Suits“, во која Меган тогаш глумела, биле користени неколку негови креации.

Сепак, војвотката не останала доследна на својата одлука. Пред неколку месеци повторно се појавила во еден од неговите фустани, и тоа во реклама на Инстаграм за својот бренд „As Eve “.