Кај жените остеопорозата е сè почеста поради губење на половите хормони (естроген и прогестерон), кои ги лачат овариумите.

Остеопорозата претставува намалување на густината на коските, која може да доведе до кршење (фрактури) на истите и тоа при помали оптоварувања, односно при вршење на секојдневни активности. Таа е доминантно метаболно заболување на коските и претставува голем здравствен и социјален проблем. Се смета за асимптоматска болест, која не јавува симптоми, освен можеби намалување на височината на пациентите и појава на „грбка“ на грбот (торакалниот дел). Намалувањето на густината на коските може да предизивикаат фрактура на колкот при пад кај повозрасни лица, потоа фрактури на раката (radii loco typico – фрактура на радиус), како и компресивни фрактури на пршлените на ‘рбетниот столб, кај кои всушност се забележува намалување на висината на пршленското тело.

Кај жените остеопорозата е сè почеста поради губење на половите хормони (естроген и прогестерон) кои ги лачат овариумите (јајниците). Кај мажите дијаметарот на самите коски е поголем за разлика од жените и мажите се занимаваат повеќе со физичка активност или поголема физичка работа која помага за зајакнување на коската. Статистиката во медицината говори дека кај вертебрални (пршленски) скршеници односот помеѓу жени и мажи е 7:1. И кај скршениците на колк исто така статистиката е во полза на мажите и изнесува 2:1.Колесови фрактури (скршеници на раката), односот помеѓу жени и мажи е 5:1.

Кои се причините за настанување на остеопороза? Генетски фактор, рана менопауза, долго недвижење – пасивен живот, ендокринолошки и хематолошки болести, мала телесна тежина, користење на некои лекови: кортикостероиди, метотрексат, намален внес на калциум, лоши животни навики – алкохол, пушење, голем внес на натриум, кофеин и сл.

Како да дознаеме дали имаме остеопороза?

Остеопорозата се детектира преку DEXA Scan. Тоа е испитување на густината на коскена маса, кое може да биде проследено и со лабораториски испитувања – маркери за коскено разградување, концентрација на јонизиран калциум и витамин Д. По јасната детекција остеопорозата може да се лекува. После лекување на остепорозата од една година, се прави контролен DEXA Scan и се следат лабараториските параметри. Во клиниката „Жан Митрев“ остеодензитометријата (DEXA Scan) ја прават едуцирани технолози, а резултатите ги обработуваат тим лекари едуцирани за остеодензитометрија, со што ќе ја добиете најадекватната терапија и понатамошно лекување. Снимањето трае кратко, неинвазивно е и безболно. Стандардно се снима левиот колк и пределот на лумбалниот рбет, од првиот до четвртиот лумбален пршлен. Кај некои состојби, каде што постои претходна операција на рбетниот столб или кога истиот е значително дегенеративно променет, се снимаат двата колка. Исто така, кај пациенти кои имаат зголемено ниво на паратироидни хормони во крвта, потребно е да се снима подлактицата, како и кај пациенти со поголема телесна тежина до 150 кг или кај пациенти каде поради други причини не може да се направат стандардни DXA скенови (протеза на двата колка и изразени дегенеративни промени на рбетот). Современиот апарат поседува уште две помошни алатки кои помагаат во одлуката дали треба да се започне со терапија. Тоа е FRAX score, кој преку калкулација на факторите на ризик, го калкулира 10-годишниот ризик од скршеници на колкот и големи остеопоротични фрактури. Друга помошна алатка на овој апарат е TBS, кој врз основа на веќе направениот DXA (dexa) скен нѐ запознава и со квалитетот на коските. Снимањето се прави на апарат Hologic, последна генерација, кој има инсталирано софтвер за FRAX score и TBS. Посебна подготовка за остеодензитометрија не е потребна.

За информации поврзани со Вашето здравје информирајте се или закажете на телефон 02 309 1484.

(комерцијален текст)