Мажите имаат три пати поголема веројатност да завршат на интензивна нега поради инфекцијата со вирусот ковид-19, но жените многу подолго закрепнуваат по инфекцијата, покажа студијата на францускиот „Центар за микробиологија и инфекции“.

Ова „долго закрепнување“ подразбира осум недели тешко закрепнување и најчесто со тоа се соочуваат жени на возраст од околу 40 години без други здравствени проблеми.

„Тоа се жени кои биле потполно здрави пред оваа инфекција“, рекол д-р Ноа Гринспен, лекар кој управува со центар за рехабилитација на пулмонални болести во Њујорк.

Инаку, во овој центар, пациентите сега закрепнуваат по прележан ковид-19,  а 85 отсто од нив се жени.

– Жените имаат многу посилен одговор на Т-клетките од мажите, којшто им помага нивниот имунолошки систем побрзо да го препознае вирусот и да го уништи. Сепак, ова е меч со две острици, бидејќи силниот одговор на Т-клетките може да го наведе имунолошкиот систем да се нападне самиот себе – рекол д-р Гринспан. Гринспан рекол дека сите негови пост-ковид пациенти имаат слични симптоми поврзани со автоимуниот нервен систем – вртоглавица, замор, забрзано работење на срцето, главоболки…

„Факт е дека мажите закрепнуваат многу побрзо, но ние сè уште не знаеме зошто. Постојат неколку теории. За почеток, генетиката. Имено, хромозомот Х содржи повеќе „имуно блиски“ гени од хромозомот Y, а и генерално содржи повеќе гени, па така може да се создадат поголеми шанси за мутација, што може да доведе до автоимуни болести.“

Голема улога играат и половите хормони.

Естрогенот го регулира имунолошкиот одговор, па кога неговото ниво во организмот е ниско, женскиот организам може да реагира премногу „агресивно“ на коронавирусот, што може да објасни зошто жените подолго закрепнуваат од мажите. Затоа, пациентките имаат многу потешки симптоми во текот на менструацијата, кога нивото на естроген е најниско“, рекол д-р Гриспен.