Ќе биде сензација доколку овие два тима не се сретнат во големото финале. Љубителите на НБА лигата и кошарката сигурно ќе се подзачудат кога ќе прочитаат неколку имиња. Кајри Ирвинг, Џејмс Харден, Кевин Дурент, Диандре Џордан, Блејк Грифин, Ламаркус Олдриџ…Звучи навистина нестварно, но сите овие играчи ќе играат заедно во Бруклин во продолжението од сезоната. Договорено е по Блејк Грифин, да пристигне и Ламаркус Олдриџ.

Иако се шпекулираше дека Олдриџ, откако го откупи својот договор со Сан Антонио, ќе продолжи во Мајами, сепак се одлучи на Бруклин каде се надева дека со останатите ѕвезди конечно ќе стигне до титулата.

Штом одекна оваа „бомба“ се поставуваше прашањето што ќе прават Лејкерси. Одговорот експресно стигна. Иако се уште не е официјално, се очекува да биде многи скоро, сепак во Лејкерси како слободен играч стигнува Андре Драмонд. Тој не играше од средината на февруари, кога преговараше со Кливленд за раскин на договорот по само една година помината заедно, во која не постигнаа многу.

Еден од најдобрите скокачи и проверен стрелец и тоа како ќе го надополни тимот на Лејкерси, каде што уште се Леброн Џејмс, Ентони Дејвис, Марк Гасол и Монтрез Харел. Како сега работите стојаб, би било сензација доколку овие два тима не играат во финалето со оглед на супер составите кои ги имаат.