Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала утрово во 10:38 часот по локално време ја погоди Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил во морето на 192 километри од Измир, третиот најголем град во Турција. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, а е почувствуван низ целиот турски западен брег, во Истанбул, но и на некои грчки острови во Егејското Море.