Земјите членки на Европската унија (ЕУ) го договорија конечниот текст за визна либерализација на Косово, според кој укинувањето на визниот режим ќе стапи на сила во моментот кога европскиот систем ЕТИАС ќе биде целосно функционален или најдоцна до 1 јануари 2024 година.
Според упатени извори на Радио Слободна Европа, учесниците на состанокот, на кој имало експерти од земјите-членки, го прифатиле барањето на Шпанија крајниот датум да не се совпаѓа со претседавањето на оваа земја со ЕУ.
Шпанија не ја призна независноста на Косово, поради што побара датумот да не се совпаѓа со нејзиното претседавање, кое ќе биде во периодот од 1 јули до 31 декември 2023 година.