
Претседателот на Украина Володимир Зеленски објави дека во петокот телефонски разговарал со албанскиот премиер Еди Рам за дипломатските односи меѓу двете земји, отворањето на Амбасадата на Албанија во Киев, како и за војната во Украина и за зголемувањето на безбедносна помош за таа земја.
Зеленски на Твитер објави дека Рама му ја честитал 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји и го посочил претстојното отворање на албанската амбасада во Киев.
„Разговаравме за ситуацијата на фронтот, важноста од зголемување на безбедносната помош и поддршката за нашата мировна формула“, рече Зеленски,пренесе Танјуг.