Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се очекува да пристигне во Вашингтон на неговото прво меѓународно патување од почетокот на војната на 24 февруари, објавија светските агенции, додавајќи дека тој би можел да се обрати во Конгресот и да се сретне со Џо Бајден во Белата куќа.

Advertisements

Рано утрово и самиот украински претседател потврди дека е на пат за САД.

„Јас сум на пат кон САД за да ја зајакнам отпорноста и одбранбените способности на Украина. Конкретно, Бајден и јас ќе разговараме за соработката меѓу Украина и САД, а исто така ќе одржам говор пред Конгресот и ќе имам серија билатерални состаноци“, напиша Зеленски на Твитер.

Прикажи повеќе