Денес, поддршката од мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа е многу важна за Украина, напишна Фејсбук претседателот на Украинa, Владимир Зеленски по средбата со Претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи.

Зеленски вели дека на средбата со Бујар Османи, разговарале за потребата од поголемо внимание на ОБСЕ за кршењето на човековите права на привремено окупираните територии на Украина, велејќи дека тоа е многу важно за Украина. Зеленски на Османи му се заблагодараил и за поддршката на Северна Македонија за Украина која нашата држава ја обезбедува од почетокот на руската агресија.

„Благодарен сум на Владата и народот на Северна Македонија за хуманитарната и одбранбената поддршка на Украина од самиот почеток на целосната руска инвазија“ – завршува Зеленски.

Претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи денес оствари низа средби со украинскиот државен врв а ги посети и погодените области во регионот на Буча.