Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека ситуацијата на бојното поле во источниот регион Донбас е „пекол“, и покрај испораката на ракетна артилерија од САД, силите на Киев не се во можност да ја надвладеат руската предност во тешкото оружје и живата сила. Нерамнотежата „многу се чувствува во борбите, особено во Донбас“, рече Зеленски во последното обраќање. „Таму е пекол. Не може ни да се опише со зборови“. Тој, исто така, рече дека зборот HIMARS — кратенка за напредни ракетни системи со висока мобилност — стана „речиси синоним” за зборот правда за Украина.

Advertisements

Претходно на 2 август имаше извештаи за воздушни напади во јужна Украина, каде што десетици илјади руски војници, наводно, се подготвувале да почнат да напредуваат. Претседателскиот советник Олексиј Арестович процени дека руските напаѓачки сили броеле околу 22.000 војници. Силни експлозии потресоа неколку области на Миколајев рано на 2 август, при што беше повредено едно лице, но некои проектили истрелани подоцна во текот на денот биле спречени од украинската одбрана.

Прикажи повеќе