Денеска продолжија интензивните теренски активности на СДСМ во рамки на караванот „Рамо до рамо, до победа„. Со жителите на Карбинци, рамо до рамо на маалска средба беа генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски и претседателот на комисијата за транспорт и врски, Митко Трајчулески а пратеничката на СДСМ, Санела Шкриељ беше со граѓаните на општина Чучер Сандево.

Денеска очекуваме уште еднаш силна поддршка од Германија која испраќа и моќна порака. Сега од нас зависи дали ќе ја искористиме и ќе ја претвориме во пресвртница за иднината. Време е, треба да застанеме заедно, наместо политички антагонизам да обезбедиме национално единство заради доброто на народот и европската иднина на земјата, порача генералниот секретар Зечевиќ.

-Денеска македонската држава уште еднаш добива силна поддршка во самата Европска унија, а ние како народ потврда и уште едно признание за нашиот македонски јазик, култура и посебност. Резолуција во германскиот Бундестаг не е само симболичен израз на поддршката што ја имаме од Германија, туку испраќа и моќна порака. Прво за исправноста на патот по којшто се движиме и второ почит, кон нас како народ со сета своја посебност, кој има направено многу досега за европските вредности. Сега од нас зависи дали сета оваа поддршка што ја имаме, за прв пат во историјата толку изразена од највлијателните светски држави, ќе ја искористиме. Имаме шанса, сите ние заедно, оваа силна поддршка да ја претвориме во пресвртница за македонската иднината. Затоа, уште еднаш, ја повикувам ВМРО-ДПМНЕ да застанеме рамо до рамо, да ни се приклучат, заедно да ја донесеме одлуката и да обезбедиме остарување на стратешка цел: членство во ЕУ., рече Зечевиќ.

Првиот чекор од доближувањето на ставовите е направен и сега дијалогот треба да продолжи, додаде тој.

-Веќе се направи првиот чекор. Тој прв чекор можеби беше најтежок за ВМРО-ДПМНЕ затоа што промени став со прифаќање на уставните измени и фактот дека актуелниот собраниски состав има мандат и легитимитет да ги донесе. Сега е потребно дијалогот да продолжи и да направиме уште еден чекор. Заедно да работиме и заедно да се гордееме со уште еден национален и државен успех, рече генералниот секретар Зечевиќ.